(Видео) Арсовски: Молкот на СДСМ за Јованоски од Прилеп е потврда за криминалот кој го сторил

пред 2 години

И самата партија и раководството на СДСМ се свесни дека имало сериозни криминалии помеѓу нивните градоначалници и нивните функционери. Свесни биле и тогаш кога градоначалниците правеле криминал и имале аминување од нивна страна за криминалот, но најинтересно во моментов е што гледаме дека нема никаква реакција од СДСМ за сите наши тврдења и докази коишто ги изнесуваме во јавност за криминалот кој што го правеле нивните градоначалници, туку напротив или ги оставаат сами да се бранат или воопшто не ни ги бранат. Ниту збор не кажаа да демантираат, ги пуштија низ вода нивните кадри кои правеа криминал за нив и сега воопшто не им е гајле за нивните поранешни градоначалници, изјави на денешната прес конференција, Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски истакна дека вчера обелодениле дека Илија Јованоски градоначалникот на Прилеп наместо да прогласи за ништовно решение за градба во Прилеп, тој направил кривично дело и практично аминувал да се изгради на истото место дивоградба после промена на инвеститор.

Се работи за станбено деловна зграда, која што според одобрение од 2005 година требало да се отпочне со градба за 6 месеци, не се отпочнало и на сомнителен начин било одземено одобрението и незаконски е сменет инвеститорот.

Оттука, новиот инвеститор кој што доаѓа си продолжува да гради новиот со амин на Илија Јовановски на истото кој што нормално неколку пати тековно го крши законот, а градежните инспектори од општината установиле кај новиот инвеститор со записник дека градбата е нелегална, односно надвор од проектот кој што е првично поднесен за таа станбено деловна зграда.

Ова кривично дело на злоупотреба на службена должност е повеќе од евидентно.

Арсовски додава дека СДСМ повеќе од 5 години владее на принцип на криминал, корупција и работи единствено за свој личен интерес, а не за интерес на граѓаните.

Кадрите на СДСМ работат единствено по словото на криминалот и корупцијата и работат за нивниот личен интерес и личен џеб. Повторно ќе потенцирам, не за интересот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш јавно упатува апел до Јавното обвинителство и антикорупциската, да не спијат, бидејќи со штитењето на криминалот тие се соучесници во истиот.

Државата е поважна од СДСМ, бидејќи тие земаат плата од граѓаните, а не од СДСМ кои што покажаа и докажаа дека се криминална партија, изјави Арсовски

Share
Scroll to Top