Денеска починаа 46 лица, но тоа не ги засега министерот за здравство, Венко Филипче, и премиерот Зоран Заев, кои наместо грижа за здравјето на граѓаните си возат мотори, велат од ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи дека „тоа не може да се окарактеризира никако, освен како одлепени од реалноста и убијци на сопствениот народ“.
Претходно денеска, пратеникот Антонијо Милошоски сподели видео за кое тврди дека е од Заев и Филипче во Пештани.
„Во време кога многу луѓе се борат за болнички кревет и лекови, додека фирмите и вработените се борат за преживување, Заев и Филипче лабаво со мотори на ручек во Пештани“, напиша Милошоски.
Од ВМРО-ДПМНЕ попладнево велат дека нема ниту еден друг случај на премиер на држава и министер за здравство кои во денот кога умираат 46 луѓе, тие си возат мотори.
„Рестораните за нив работат, но за сите останати се затворени. Нема борба против короната, а народот е препуштен сам на себе. Заев и Филипче се одлепени од реалноста, а нивната неспособност се плаќа со здравјето на граѓаните“, наведува партијата.
Опозицијата додава дека Владата треба постојано да носи заклучоци и одлуки, но системот не работи затоа што систем не постои. Ако се вакцинираа луѓето во првите месеци од годинава сега луѓето кои денес починаа ќе беа живи. Но тогаш Заев и Филипче бркаа провизии, велат од ВМРО-ДПМНЕ.