(Видео) Каевски: Арсовска ме тужи во обид да го скрие своето неработење

пред 2 години

Денеска бев повикан на рочиште врз основа на тужба којашто градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, ја поднесе против мене, изјави портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Според него, тужбата не е за изнесените информации од предизборната кампања дека фирми на Аросовска должат за струја, туку, како што рече, затоа што таа се почувствувала навредена од тоа што била посочена како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Партискиот портпарол изјави дека од рочиштето можат да се изведеат неколку факти.

„Првиот факт е дека госпоѓата Арсовска се обидува преку неаргументирани, недокажани тужби да го тргне фокусот од нејзиното неработење.

Вториот факт, поткрепен со низа докази и факти коишто доаѓаат и од ЕВН и од Централен Регистар, е дека фирмите на градоначалничката имаат сериозен долг за струја.

Третиот факт е основата на тужбата за тоа што сум ја навредил, со тоа што сум кажал дека била кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Дали Данела Арсовска се чувствува навредена што била кандидат поддржана од ВМРО-ДПМНЕ“, запраша портпаролот на СДСМ.

Каевски посочи и дека граѓаните на Скопје имаат право да знаат што се случува во овие шест месеци.

„Зошто нема нови автобуси, зошто нема бесплатен јавен превоз, зошто не се завршуваат улиците Есенинова и Карангелески, зошто не се завршува мостот во Аеродром, зошто е градот валкан“, рече тој нагласувајќи дека тоа се легитимни прашања на коишто градоначалничката треба да даде одговор.

Share
Scroll to Top