(Видео) Ковачки: Бугарија да понуди писмени гаранции за јазикот и историјата

пред 2 години

Во преговорите со Бугарија, не смее да биде оспорена македонската национална посебност, ниту пак засебноста на македонскиот јазик, рече на денешната прес-конференција, Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имаме информации дека дејствијата на Ковачевски во процесот на преговори се многу подлабоки од менување на Уставот и внесување на Бугарите во Преамбулата. За оваа наша теза говори и фактот што се случи, а тоа е премиер кој води преговори да одбие национално единство и подадена рака за преговори. Се случи да одбие неспорна Декларација за Гоце Делчев, како и понуда да се разговара за секое отворено прашање“, посочи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Ковачки, сето ова отвора сомнеж дека во прашање е многу повеќе од Уставот, а тоа е, како што кажа, национално осакатување преку задирање во јазикот, историјата.

„Затоа бараме писмени гаранции кон кои ќе се обврзе Бугарија, а зад чие барање ќе застане Ковачевски. Ковачевски мора да знае дека привремената заслепеност од функцијата е минлива и дека не смее да има пазарење на сметка на македонските национални интереси. И тоа треба да му го каже и на неговиот министер Бујар Османи.

Дополнително, Ковачевски треба да побара гаранции и од Брисел, дека нема да има повеќе кочење на патот кон ЕУ и безброј нови барања од Бугарија“, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top