(Видео) Одбележани 20 години од формирањето на Единица за брзо распоредување (ЕБР)

пред 3 години

Денеска во Полицискиот центар Ѓорче Петров се одржа свечената церемонија на која Министерството за внатрешни работи одбележа уште еден јубилеј – 20 години од Единицата за брзо распоредување.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето обраќање истака дека на 23 август македонската полиција одбележува уште еден, исклучително значаен настан – 20 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување, која како организациона структура темелно е позиционирана во нашиот систем на полициско функционирање и дејствување.

„ЕБР претставува клучна алка во остварување на полициските цели на безбедноста, а тоа е заштита на сигурноста, слободите, правата, материјалните добра на граѓаните, како и заштита на правниот поредок, на јавниот ред и мир, овозможувајќи внатрешна сигурност и стабилност на државата. Сите нејзини припадници од 2001-та година, кога е формирана Единицата, па сѐ до денес, преку своите активности, трансформации, вложен труд, врвни обуки, професионализам и постигнати видливи резултати, сето тоа недвосмислено го докажаа и покажаа, овозможувајќи оваа полициска организациона единица да биде она што е денес: суштински неопходна полициска формација, особено во делот на она што значат посебни и специјални полициски задачи и области на делување во оној севкупен концепт на европски полициски систем на безбедност, кон кој што целиме и интензивно го градиме во изминативе неколку години“, потенцираше министерот Спасовски.

Share
Scroll to Top