(Видео) Општина Центар ги демонтира трафиките поставени кај Зелено пазарче

пред 3 години

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар отстрани пет трафики спроти поранешна Градска болница, информираат општинските власти и додаваат дека акцијата е дела од активностите за отстранување на нелегално изградени објекти.

„Вкупно пет трафики, со градежна механизација денес ќе бидат отстранети и трошоците за нивното отстранување ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на објектите“, се наведува во соопштението.

Во него се појаснува дека станува збор за 4 киосци и 1 трафика, лоцирани на улица „11 Октомври“, на автобуската станица кај Зелен пазар, кои не поседуваат решенија за поставување на времен објект.

„Откако инвеститорите, односно сопствениците на времено поставените објекти не постапиле по решенијата издадени од Секторот за инспекциски работи и сами не ги отстраниле објектите, општината денес пристапи кон присилно извршување, односно уривање и отстранување на објектите“, објаснуваат од општина Центар.

Од таму додаваат дека акцијата на Секторот за инспекциски работи за отстранување на нелегално поставените и изградени објекти ќе продолжи и во наредниот период, а ќе бидат опфатени вкупно 18 објекти кои не поседуваат соодветна документација.

Share
Scroll to Top