(Видео) Стефановски: Неспособната Влада, наместо помогне на граѓаните објавуваат тендери за бадеми и лешници

пред 3 години

Повеќе од јасно е дека СДСМ од ден во ден се повеќе тоне, а доказ за тоа е фактот што апсолутно некомпетентни луѓе се поставени на важни позиции во Владата предводена од Ковачевски, кој за потсетување лажеше за своето образование и навиката за лажење е уште еден показател дека Ковачевски е само продолжена рака на Зоран Заев, истакна на денешната прес-конференција, Стефан Стефановски, член на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Тој додаде дека оваа неспособна Влада под раководство на СДСМ, при буџет од 4 милијарди евра годишно, наместо да им помогнат на граѓаните објавуваат тендери за бадеми и лешници, што е доволен показател за тоа дека луѓето кои ја предводат Владата не знаат за што се поставени таму и не знаат домаќински да раководат со парите на граѓаните.

На граѓаните им е јасно дека државата ја водат неспособни луѓе без кредибилитет, кои од ден во ден се повеќе придонесуваат за тонење на државата, не знаат да се справат со економската, енергетската и здравствената криза.

Стефановски додаде дека јасно е дека СДСМ бара спас за своите поразителни и грешни политики, и континуирано го напаѓаат Градот Скопје и градоначалничката Арсовска. Не можат да се помират дека нема повеќе расипнички да се трошат пари на граѓаните за бифтеци и виски, при што директно се виновни за милионските долгови во градот и за сите лоши политики. Затоа граѓаните веќе ги казнија на изминатите локални избори, а бидејќи континуирано не работат во интерес на граѓаните, тоа ќе се случи и на наредните парламентарни избори.

Ние како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ симболично ќе им ги подариме овие гуми за спасување на СДСМ и Владата, бидејќи тонат во корупција и злоупотреби, 4 милијарди евра буџет наместо да ги употребат да им помогнат на граѓаните, тие сопствениот спас го бараат обвинувајќи ги сите наоколу наместо да понесат одговорност за лошите политики, изјави Стефановски

Share
Scroll to Top