Обвинувања за нерегуларности во текот на изборниот ден и за време на молкот упати Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
Портпаролката верува дека партијата, како што рече, победила и во вториот круг на изборите, а граѓаните одбрале поинаква и поубава иднина за сите. Според неа, рано е за резултати, но со сигурност ќе бидат поволни за народот.
„Изборниот процес помина со низа нерегуларности, нарушување на изборниот процес и истите беа доказ за начинот на кој СДСМ е спремна да ја зачува власта по секоја цена, иако тоа не е вољата на народот. Вчера се ширеше пропаганда, поткуп на гласачи и други прекршувања. Имаме информации за поткуп во Кочани, Радовиш, Ново село, Ѓорче Петров и други делови од Скопје. Сепак, очекуваме победа во главниот и сите општини“, рече Митева.
Таа посочи дека доаѓа нова иднина и дека народот ја победил власта, која ја нарече ненародна.
„Огромна благодарност до сите граѓани кои со учевство на изборите го остварија своето право. Одговорот на црната кампања на власта беше зголемена излезност. Тажен ден за недемократската власт на Заев, силен ден за вољата на народот кој се одлучи за промени и нова иднина. Власта на Заев го покажа своето недемократско лице. Видовме како излгеда власт која паѓа“, рече Митева.