Заев го отвори дигиталниот партиски конгрес: „Даваме пример што значи одговорност за јавното здравје“

пред 4 години

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев го отвори 25. Конгрес на СДСМ, кој за првпат се одржува дигитално, на далечина со цел заштита на јавното здравје. Во своето обраќање, Заев посочи дека со овој Конгрес, СДСМ покажува одговорност во заштита на јавното здравје, а истовремено ги почитува статутарните одредби и уште повеќе се демократизира.

„Во време кога ние, со целиот свет, се соочуваме со постојана борба против коронавирусот, СДСМ застанува одговорно, да направи пресек на сработеното и да ги дефинира новите стандарди, европските стандарди како задолжителни одредници и репери во своето работење. На овој Конгрес, уште повеќе се демократизираме, продолжуваме да се менуваме, ја зголемуваме отчетноста, преземаме храбри чекори и вложуваме огромен напор, за да обезбедиме најдобро за сите наши граѓани, за секој македоински граѓанијн да живее подобро, помирно, помотивирано“, рече Заев.

Тој нагласи дека ова е првиот дигитален Конгрес на СДСМ и првиот дигитален конгрес на која било политичка партија во земјава, целосно обезбеден со електронски начин на комуникација, преку конференциски видео врски со оштинските организации.

„Имаме обврска да се грижиме за здравјето на граѓаните, затоа највнимателно пристапуваме и успеваме да организираме Конгрес со актувно учество на сите делегати, од далечина. И на овој начин, СДСМ дава пример што значи одговорност. Институциите ги водиме одговорно, но и партијата е одговорна“, рече Заев.

Тој кажа дека станува збор за отчетен Конгрес, согласно Статутот на СДСМ.

„Тука сме пред вас, пред делегатите кои го црпите целосниот легитимитет од сите членови на СДСМ – тука сме пред целата партија, пред сите членови и пред целиот наш народ, стоиме со крената глава, горди и достоинствени – и зборуваме за резултати, за успеси, за подвизи, за преминати препреки и за многу победи. За многу победи на граѓаните“ порача Заев.

Претседателот на СДСМ потенцира дека 25.Конгрес е прв конгрес кој доаѓа после изборна победа на СДСМ од позиција на владејачка партија, нешто што се нема случено од 1994 година.

„Овој Конгрес доаѓа после победата на предвременитепарламентарни избори на кои граѓаните повторно ни ја дадоа довербата, ни јаукажаа честа да продолжиме по вистинскиот пат. Овој Конгрес е после изборна победа на СДСМ од позиција на владејачка партија. Нешто што се случи првпат од постоењето на партијата имајќи во предвид дека во 1994 година, тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ се повлече од учество на изборите во вториот изборен круг.“ заклучи Заев.

Share
Scroll to Top