Засиелни инспекциски контроли за сузбивање на дивите превозници најави Град Скопје

пред 3 години

Од Град Скопје информираат дека инспекторите за патен сообраќај вршат редовни контроли со цел сузбивање на дивите превозници на подрачјето на градот и во текот на изминатиот месец биле проверени 18 превозници а на 6 им биле изречени казни.

„Екипи на Инспекторатот на Град Скопје изминатата недела извршија засилени контроли на терен за почитување на комуналниот ред и јавната чистота, и изречени се 3 казни за прекршување на Законот за јавна чистота. Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли и на јавните површини. Неселективно ќе се санкционираат сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните“, велат од оваа институција.

Share
Scroll to Top