Мицкоски за вакцините од Србија: Владата е толку неспособна што дури и подарени вакцини не може да примени

пред 3 години

По изјавата на српската премиерка Ана Брнабиќ дека Македонија не е подготвена да ги прими вакцините од Србија, со реакција се јави и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој ја обвини владата дека е неспособна да прими вакцини кои се подарени.

„ Пред еден месец кога Бугарија соопшти дека ќе ни подари вакцини против корона, тоа го поздравив и прашав дали Владата има воопшто план? Денес го добивме одговорот декa нема.

Имено Премиерката на соседна Србија, Брнабиќ кажува дека и покрај тоа што одлучиле да помогнат со 8 илјади вакцини процесот е закочен зошто вакцината не е регистрирана и има отсуство на план за регистрација. Со други зборови, додека светот оди напред, нашата влада го губи времето, додека народот умира на рати.

Толку се неспособни што дури и подарени вакцини не може да ги применат. Што правеа додека регионот планираше и бараше вакцини?“ праша Мицкоски.

Share
Scroll to Top