Според епидемиолошки анализи во моментов нема град во Македонија во кој нема ниту еден активен случај на коронавирус.
Согласно последните информации, најмногу активни случаи има во Скопје (3.693), Тетово (1.855) и Гостивар ( 1.513).
Најмал е бројот на заразени во Дорјан (2), Демир Капија (3) и Македонска Каменица (5).
Вчера беа регистрирани 882 нови случаи на Ковид-19, а починаа уште 14 лица.
Досега во земјата се направени вкупно 1.108.429 тестирања. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 168.872, бројката на оздравени пациенти е 152.098, на починати е 5.668, а бројот на активни случаи изнесува 11.106.