Облачно со температура до 16 степени

пред 3 години

Во утринските часови ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, особено на истокот. Во крајните западни делови ќе биде пооблачно и ќе има појава на повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди повеќе на исток и со умерен до засилен јужен ветер, а во крајните западни делови со повремен дожд, на повисоките планини од снег. Во текот на ноќта кон четврток и в четврток претежно претпладне ќе има повремен дожд, кој во попладневните часови на некои места во западните делови ќе премине во повремен снег и на повисоките места. За време на новогодишната ноќ во најголемиот дел од земјата ќе биде суво, освен во крајните западни делови, каде што ќе биде пооблачно со услови за појава на слаб дожд и снег на повисоките места.

Share
Scroll to Top