Четириесет и тригодишен жител на село Дебреше вчера попладне загина на лице место откако во него удрил автомобил на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце, по што го напуштил местото.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.