57-годишно лице од Скопје било потешко повредено откако управувајќи мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот, соопшти полицијата.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Имено вчера околу 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ангел Динев“ и ул.„Војвода Васил Чакаларов“, З.Ј.(57) од Скопје, управувајќи мотоцикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“.