Угостител заврши во притвор – кога му дошла полицијата кршел маси, исклучил струја и им се заканувал

пред 3 години

Сопственик на угостителски објект во Стар Дојран заврши во притвор поради спречување на полициски службеници во вршење службено дејствие и загрозување на нивната сигурност.

„На 25 јуни, осомничениот – сопственик на угостителски објект во селото Сретеново, Стар Дојран, со сериозна закана дека ќе нападне врз нивниот живот и тело, спречил двајца полициски службеници да извршат претрес на угостителскиот објект на платформа. Претресот бил врз основа на наредба на судијата на претходна постапка со цел пронаоѓање докази и траги заради основано сомнение занеовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“, наведуваат од Обвинителството.

Кога полицисиките службеници пристигнале во објектот и му ја предале наредбата за претрес, осомничениот не ја примил и започнал да ги брка службените лица, упатувајќи им навреди и закани, па започнал да крши предмети – маси и столици и го исклучил кабелот за струја, прекинувајќи го доводот на електрична енергија во објектот. По ова, осомничениот бил приведен.

При претресот на објектот биле пронајдени повеќе пакувања со прашкаста, грутчеста и растителна материја, кои со наредба на Основното јавно обвинителство Гевгелија се испратени на вештачење за да се утврди дали станува збор за недозволени супстанции.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице за кое постои опасност од бегство и можност да ги повтори делата. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена.​​

Share
Scroll to Top