Филипче: Навреме ги подготвуваме болниците за можен нов бран

пред 3 години

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи соопшти дека утрово одржал координација со директорите на Клиниките во Скопје, директорот на Клиничката болница во Тетово и Институтот за белодробни заболувања Козле.

„Навремено ги поставуваме здравствените ресурси и разговаравме за предизвиците со кои може да се соочиме со новиот бран. Системот се организира, болниците ги подготвуваме за сите можни сценарија – лекување на ковид-пациенти, но истовремено да продолжи да тече редовниот програм за итните случаи и пациенти со малигни заболувања како и ротации на персоналот“, посочи министерот.

Тој нагласува дека во болниците веќе се чуствува притисок за хоспитализации и критични се неколку градови.

Share
Scroll to Top