Шаќири: Резултатите од државното тестирање на основците ќе бидат основа за позитивни промени во образованието

пред 3 години

Со проверка на знаењето по мајчин јазик и математка на 5800 третоодделеци од 120 училишта, денес започна државното тестирање чија цел е да обезбеди објективни податоци за остварувањето на стандардите на постигањата на учениците за наставни подрачја и наставни предмети од особена важност во текот на основното образование. Таквите податоци, во иднина ќе бидат добра основа за креирање на образовните политики кои треба да донесат позитивни промени и поквалитетна едукација на младите, преку следење на современите светски образовни стандарди.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Ова денеска, на отпочнувањето на тестирањето во ОУ „26 јули“ во Шуто Оризари го соопштија министерот за образование и наука Јетон Шаќири и Елизабета Наумовска директорката на Државниот испитен центар, институцијата која го спроведува тестирањето.

Поздравувајќи ги сите учесници во тестирањето, министерот Шаќири укажа дека не станува збор за тестови за оценување на поединечните знаења на учениците, туку за оценување на системот на основно образование.

„Наша цел е да измериме, со користење стандардизирани процедури и инструменти, колку успешно нашиот образовен систем им овозможува на учениците да ги совладаат стандардите на државата по предметите за кои се врши тестирање. За да го направиме тоа, потребни ни се податоците за знаењата што учениците ги стекнале во текот на целата учебна 2021/2022 година“, рече Шаќири.

Тој додаде на оваа учебна година започна етапното воведување на реформите на основното образование и дека истите не се популистички, туку, како што рече, навистина имаат за цел нашите ученици да добијат квалитетно основно образование кое обезбедува образовна еднаквост на сите сите ученици.

„Затоа и ни се важни ваквите проверки на знаењата на нашите ученици. Кога кон нив ќе се додадат и резултатите од меѓународните тестирања, тоа е солидна база за креирање на идните образовни политики, насочени кон поефективно и поефикасно образование“, додаде министерот, потенцирајќи дека на тестирањето му претходеше подготовка преку обуки на директорите, координаторите и наставниците од основните училишта.

Директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска рече дека ова е прво главно тестирање во рамки на државното тестирање и ќе се спроведува денес и утре, по наставните предмети македонски јазик, албански јазик и математика. Во

примерокот се опфатени 79 училишта на македонски наставен јазик и 41 училиште на албански наставен јазик во кои бидат тестирани 4200 ученици по мајчин јазик -македонски јазик или албански јазик и 1600 ученици по математика, на македонски и на албански јазик.

„Државниот испитен центар очекува позитивен став од сите лица кои се директно или индиректно инволвирани во тестирањето и ги охрабрува да го прифатат, не само како законска обврска, туку како личен влог во подобрување на квалитетот на образованието. Посебно е важно да се истакне дека не е потребно, ниту препорачливо какво било дополнително оптоварување на учениците со посебна подготовка за тестирањето затоа што главна цел на државното тестирање е да се добијат објективни податоци за знаењата на учениците стекнати во текот на целата учебна 2021/2022 година“, рече Наумовска.

Share
Scroll to Top