111 сообраќајни прекршоци во Скопје

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 111 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15, десет санкции за возење повеќе од дозволената брзина, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири за возење под дејство на алкохол, 15 прекршоци што ги чинат пешаците.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР.

Share
Scroll to Top