20 прекршувања на полицискот час, 390 санкции за неносење маска

пред 3 години

Синоќа 20 лица не ја почитувале забраната за движење, соопшти МВР.

Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 390 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.

Share
Scroll to Top