„ Ние сме целосно зависни од рускиот гас, нашите домови не се поврзани на гас, но зависна е индустријата, на пример скопската топлификација. Но нашите одлуки се во координација со ЕУ“, вели во интервјуто за „Макфакс“ министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Според него, Русија нема економски потенцијал да го загрози светот.
„Може да доведе до нарушувања, но морам да го цитирам американскиот претседател кој вели дека мора да се плати одредена цена. Ние сме членка на НАТО и имаме пристап до сите информации. Нема информација дека има некаква закана во регионов или дека нешто ќе се случи“, нагласува Османи.
За прозивките дека сме марионета и послушник на САД, Османи вели дека не сме марионета туку членка на НАТО.
„Обидот за исмејување на нашата улога е дел од хибридната закана“, смета министерот за надворешни работи.
На прашањето зошто не се реагирало за слични ситуации во светот, туку се реагира сега за Русија, Османи во интервјуто вели:
„Сега се рушат принципите на суверенитетот и на меѓународното право. Ова значи дека се враќаат принципите на џунглата, големите држави да ги заземаат малите“.
Најави дека следните средби со бугарската страна, и политичката и експертската, ќе се случат во Скопје.
За тоа колку македонски граѓани се извлечени од Украина, за новите амбасадори и конзулката во Њујорк, повеќе од видеото.