Австралија патува на Светското првенство во Катар откако на пенали (5:4) ја доби драматична пресметка против Перу во плеј-оф дуелот што се одигра во Ал Рајан во Катар. Натпреварот заврши без голови, а мрежите мируваа и по продолженијата.
Австралијците беа посреќни при пеналите. Прв не реализира Мартин Бојл, фудбалерот на Австралија, но на крајот се радуваше со своите соиграчи.
За Перу пенали не реализираа Луис Адвинкула и Алекс Валера.
YEAHHHHHHHH
AUSTRALIA GOING TO THE WORLD CUP #AustraliavsPeru pic.twitter.com/XL1N3fFDfl
— @Georgebakhos1 (@GeorgeBakhos1) June 13, 2022