Масимилијано Алегри, тренерот на торински Јувентус потврди дека имал разговор со Кристијано Роналдо во кој Португалецот му соопштил дека ќе си замине од клубот.
Информациите се речиси сигурн дека тој се сели во премиерлигашот Манчестер сити, но во следните неколку часови се очекува официјална потврда за тоа.
„Разговарав синоќа со Роналдо и тој ми кажа дека нема намера да остане. Денеска не тренираше и нема да добие повик за дуелот со Емполи. Не сум разочаран, сака да го напушти Јувентус и донесе одлука. Даде голем придонес изминативе три години, но животот продолжува. Ова е нормално, си заминаа играчи како Сивори, Платини, Дел Пјеро, Буфон, сите големи шампиони, но Јувентус остана, клубот е поголем од сите“ – рече Алегри на денешната прес-конференција.
Juventus manager Massimiliano Allegri: “Cristiano Ronaldo told me yesterday that he wants to LEAVE Juventus immediatly. It’s true and confirmed. This is why he wasn’t training today and he’s not available for tomorrow match vs Empoli”. ??? #Ronaldo #Juve pic.twitter.com/Zr3W5tWYcF
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 27, 2021