Англиските клубови го обележаа второто коло во ЛШ

Англиските клубови го обележаа второто коло во ЛШ

пред 2 години

Англиските клубови го обележаа второто коло во Лигата на шампионите. Четири тима од Премиер лигата, во своите групи забележаа победи без примен гол.

Во вторникот, актуелниот првак на Англија, Ливерпул со 2:0 го победи данскиот тим, Митјиланд. Истата вечер, во Марсеј, Манчестер сити со 3:0 го прегази Олимпик.

Синоќа, Челси го декласираа Краснодар со 4:0, а Лајпциг доживеа катастрофа на „Олд Трафорд“, од Манчестер Јунајтед (5:0).

Шпанските тимови не доживеаја пораз, но не беа толку успешни како екипите од Англија.

Победи забележаа Барселона во Торино, против Јувентус (2:0), Севилја во дуелот со Рен (1:0) и Атлетико Мадрид над Салцбург (3:2), додека Реал во последните минути се спаси од пораз во Менхенгладбах (2:2).

Share

kéo tài xỉu go88 máy chủ go88 cách nạp tiền go88 bằng internet banking

https://tai.sunwin.gg/

Scroll to Top