Бјорн Кујперс – Најбогат фудбалски судија и спонзор на Макс Ферстапен

Бјорн Кујперс – Најбогат фудбалски судија и спонзор на Макс Ферстапен

пред 3 години

Бјорн Кујперс ќе го суди финалниот меч на Европското првенство помеѓу Англија и Италија. Кујперс е најбогатиот фудбалски судија во светот. Неговото богатство во 2016 година е проценето на 13,4 милиони евра.

Кујперс има 48 години, дипломирал економија,а богатството го стекнал преку ланецот на супер маркети „Џамбо Кујперс“. Поседува околу 500 маркети во Холандија и Белгија. „Џамбо Кујперс“ е еден од спонзорите на Формула 1 возачот, Макс Ферстапен.

Последните години, заедно со сопругата Марлес, започнал и бизнис со фризерски салони.

Љубовта кон судењето ја наследил од дедото Андрес ван Леувен. Дедото на Кујперс го судел финалниот меч во Купот на победниците на куови, во 1963 година, помеѓу Тотенхем и Атлетико Мадрид.

Елитен судија на ФИФА и УЕФА станал во 2009 година

Инаку, Кујперс досега во кариерата ја делеше правдата на финалето во ЛШ во 2014 година (Реал-Атлетико), но и во ЛЕ во 2013 (Бенфика-Челси), односно во 2018 година Марсеј-Атлетико Мадрид). Во 2013 година го судел финалето на Купот на Конфедерации помеѓу Бразил и Шпанија.

На ова ЕП судеше на три натпревари, од кои две беа во групната фаза (Белгија – Данска 2-1 и Шпанија – Словачка 5-0). Го предводеше и мечот од четвртфиналето меѓу Данска и Чешка (2-1).

Share
Scroll to Top