Маркета Вондрушова од Чешка и Белинда Бенчиќ од Швајцарија ќе се борат за златниот медал на тенискиот турнир во Токио.
Белинда Бенчиќ, во првото полу-финале, по голема борба успеа да ја победи Јелена Рибакина од Казахстан. Швајцарката славеше во три сета со 7/6, 4/6, 6/3.
За разлика од Бенчиќ, Вондрушова доминираше во второто полу-финале против Елина Свитолина Монфис.
Откако на почетокот се разменија по еден брејк, тенисерката од Чешка направи уште еден и го доби првиот сет со 6/3, а во вториот имаше целосна доминација и со два брејка го доби сетот со 6/1.