Во Париз му свиркаат, на „Ноу Камп“ ечеше името на Меси

Во Париз му свиркаат, на „Ноу Камп“ ечеше името на Меси

пред 1 година

По последните шпекулации дека враќање во Барселона на Лео Меси не е невозможна цел, навивачите на каталонскиот гигант го кажаа своето на вечерашниот втор меч од полуфиналето на Коп дел реј против лутиот ривал Реал Мадрид, извикувајќи го името на Аргентинецот.

Договорот на Меси со ПСЖ завршува на крајот на сезоната, а неодамна потпретседателот на Барселона призна дека има преговори за можно враќање на „Ноу Камп“. Вечерва во 10. минута, во знак на бројот кој го носеше Меси во Барселона, навивачите покажаа дека тој ќе биде добредојден.

Share
Scroll to Top