Галтие им донесе титула на Лил, па потврди дека заминува

Галтие им донесе титула на Лил, па потврди дека заминува

пред 3 години

Криштоф Галтие потврди дека ќе си замине од Лил, само два дена откако му ја донесе на клубот првата титула во Лига 1 од 2011 година, совладувајќи го моќниот Пари Сен-Жермен.

54-годишниот Галтие четири години беше на клупата на Лил, и сега е поврзуван со можен трансфер во Лион, Ница или Наполи во Серија А.

„Одлуката е направена, го информирав претседателот Оливие Летанг. Не знам каков термин да искористам, но сопирам со Лил. Мислам дека завршив добра работа, но четиригодишен циклус е доволен за еден тренер. Одлуката не е поради првото место, ќе беше исто да бевме и четврти или седми. Поминав осум и пол годин иво Сент-Етјен и тоа беше премногу“, вели Галтие.

Французинот играше за Лил како дефанзивец од 1987 до 1990 година, а стана тренер на првиот тим во декември 2017, кога на клубот му се закануваше испаѓање. Тој успеа да ги спаси со пласман на 17. место, по што следната сезона завршија на второто место зад ПСЖ, а следната на четвртото место.

Share
Scroll to Top