Дали е на повидок крај на финансиската криза на Барса?

Дали е на повидок крај на финансиската криза на Барса?

пред 3 години

Барселона, конечно, доби една позитивна економска вест, откако кредитната агенција „Фич“ ја отвори можноста клубот да ги рефинансира своите долгови за да се решат проблемите на каталонскиот гигант.

Финансиската ситуација во Барселона е повеќе од алармантна, со долгови од над милијарда евра, а правилата на шпанската Ла лига значат дека тие мора да се ослободат од дел од играчите за да можат да го продолжат договорот со првата ѕвезда Лео Меси. Сепак, оценката од БББ- на „Фич“ значи дека тие ќе можат да се задолжат дополнително да ги комплетираат трансферите и да го добијат потписот на Меси.

„Ова е многу позитивна вест за Барселона, бидејќи сите очекуваа полош рејтинг. Со ваков рејтинг, тие ќе имаат доверба кај финансиските доверители“, вели аналитичарот Мар Чирија.

Клубот има вкупно 1.2 милијарди долари долг, од кои 750 милиони евра е краткорочен долг, кој најверојатно ќе биде репрограмиран. Ова исто така може да се смета за мала победа на новиот претседател Жоан Лапорта, кој вети воведување на ред во финансиите на клубот по катастрофалното владеење на неговиот претходник Жозеп Марија Бартомеу.

Share
Scroll to Top