Извлечени се групите во Лига Европа – Македонија со тројца претставници

Извлечени се групите во Лига Европа – Македонија со тројца претставници

пред 3 години

Со жрепка денеска беа одредени осумте групи со по 4 екипи во фудбалската Лига Европа на УЕФА.

Во фудбалската Лига на шампиони Македонија сезонава ќе има само еден претставник во Бобан Николов кој е нов играч во дебитантот во ова натпреварување – Шериф Тираспол.

Во ЛЕ пак ќе имаме тројца претставници – репрезентативци. Елиф Елмас со Наполи, како и Стефан Ристовски односно Аријан Адеми со тимот на Динамо Загреб.

Елмас и неговиот тим ќе бидат дел од групата Ц заедно со Лестер, Спартак Москва и Легија.

Адеми и Ристовски, пак, се во последната група Х заедно со тимовите на Генк, Вест Хем и Рапид Виена.

Група А: Олимпик Лион, Ренџерс, Спарта Прага, Брондби
Група Б: Монако, ПСВ Ајндховен, Реал Сосиедад, Штурм
Група Ц: Наполи, Лестер, Спартак Москва, Легија
Група Д: Олимпијакос, Ајнтрахт Франкфурт, Фенербахче, Антверпен
Група Е: Лацио, Локомотив Москва, Олимпик Марсеј, Галатасарај
Група Ф: Брага, Црвена звезда, Лудогорец, Митјиланд
Група Г: Баер Леверкузен, Селтик, Бетис, Ференцварош
Група Х: Динамо Загреб, Генк, Вест Хем, Рапид Виена

Првото коло од групната фаза ќе се одигра на 16. септември, а сите 6 кола е предвиден да завршат до 9. Декември годинава.

На 17. февруари 2022 година ќе започне нокаут-фазата, а големото финале на ЛЕ е предвидено за 18 мај на „Рамос Санчес Писхуан“ во Севилја.

Share
Scroll to Top