Кин веќе пристигна, Барса им го нуди Агуеро, Јуве очајнички го сака Икарди

Кин веќе пристигна, Барса им го нуди Агуеро, Јуве очајнички го сака Икарди

пред 3 години

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, призна дека очекува нови трансфери во последните денови од летниопт преоден рок, додека италијанските медиуми тврдат дека „бјанконерите“ очајнички се обидуваат да го добијат Мауро Икарди од Пари Сен-Жермен, откако сезоната ја почнаа со реми и пораз.

„Клубот е тој што прави преговори, има три дена до крајот на преодниот рок и ќе треба да почекаме да видиме кој ќе пристигне“, изјави Алегри.

Моисе Кин, фудбалерот на Евертон, веќе е во Торино каде што ги изведува медицинските прегледи и се очекува наскоро да биде официјализиран трансферот, но според „Ил Кориере дело спорт“, Јувентус постојано преговара за потписот на Мауро Икарди.

Поранешниот капитен на Интер, Икарди, нема да сака да замине од Париз посебно доколку Килијан Мбапе заврши во Реал Мадрид. Според „Тутоспорт“ пак, Барселона им го нуделе Серхио Агуеро, но тој во моментов е повреден и нема да биде во акција барем неколку недели.

Share
Scroll to Top