Шпанскиот фудбалски репрезентативец, Дани Олмо малку фалеше да направи трансфер во Барселона, но екс-играчот на Динамо Загреб во последен момент остана во редовите на Лајпциг.
Наводно, Олмо без размислување ја прифатил понудата на Каталонците, но денеска шпанска „Марка“ ги открива причините поради кои пропаднал неговиот трансфер во татковината.
Според информациите, трансферот пропаднал поради Лајпциг затоа што бундеслигашот не пронашол адекватна замена за Шпанецот.
Информациите се дека Олмо во своите редови го посакуваат и Манчестер Јунајтед, Јувентус и Баерн Минхен, а „биковите“ за него бараат 75 милиони евра.