Рома на Жозе Мурињо продолжува со победите на сите фронтови, откако на отварањето на Конференциската Лига Европа на УЕФА, на „Олимпико“ се созедоа од шокот во првите 10 минути за да стигнат до 5:1 победа над ЦСКА Софија.
Ирецот Греем Кери ја замолче домашната публика во 10. минута за неочекувано водство на ЦСКА, но „волчицата“ бргу се созеде и до крајот на полувремето направи пресврт преку Лоренцо Пелегрини (25.) и Стефан Ел Шарави (38.). Пелегрини во 68. минута постигна уште еден гол, за до крајот на мечот во листата на стрелците да се запишат и Џанлука Манчини (82.) и Теми Абрахам (84.).
Фантастичното влијание на „Специјалниот“ на римскиот клуб се покажува дека ова е само третпат во историјата Рома да стартува со шест победи едноподруго во сите натпреварувања. Претходно тоа им успеа во 2013/14 и 2014/15, двапати под водство на Руди Гарсија.
До победа на стартот на Конференциската лига стигна и белградски Партизан, откако со головите на Квинси Мениг (42.) и Рикардо Гомеш (68.) ги победија Анортозис на Кипар.
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 1.КОЛО
ГРУПА Б
Анортозис – Партизан 0:2
ГРУПА Ц
Рома – ЦСКА Софија 5:1
Бодо/Глимт – Зорја Луханск 3:1
ГРУПА Д
Јаблонец – ЦФР Клуж 1:0
Рандерс – АЗ Алкмар 2:2