Наполи ги претстави дресовите дизајнирани од Џорџо Армани

Наполи ги претстави дресовите дизајнирани од Џорџо Армани

пред 3 години

Пред стартот на новата сезона во Серија А, Наполи ги претстави дресовите дизајнирани од Џорџо Армани со надеж дека ќе им донесат среќа како на италијанската репрезентација, која носеше опрема на Армани на ЕУРО 2020 каде што триумфираа.

Трите дресови Наполи ЕА7, со логото на Армани на градите, се во класични бои на клубот – сина, црвена и бела.

„Прекрасни се! Едвај чекавме да ги видиме и беше многу забавно да се оди на фотосесијата. Едвај чекам во недела да го носам за првпат“, вели Џовани ди Лоренцо.

Share
Scroll to Top