Недвед откри што ќе биде со Роналдо и Пирло

Недвед откри што ќе биде со Роналдо и Пирло

пред 3 години

Лошата сезона на Јувентус повлекува многу прашања. Многумина се прашуваат што ќе биде со Кристијано Роналдо и тренерот Андреа Пирло. Како стојат сега работите, Јувентус по девет години ќе остане без титулата во Италија, сезоната во Лигата на шампионите ја заврши во осмина-финалето, а во игра за трофеј „старата дама“ остана само во Купот.

Евентуалниот триумф во домашниот Куп нема да ги задоволи апетитите на клупските челници.

Поради тоа се поставува прашањето што ќе биде со Роналдо и Пирло. Португалецот, пред две години беше донесен со цел да му помогне на тимот да го освои пехарот во Лигата на шампионите, а Пирло го наследи Маурицио Сари, со јасна цел да ја продолжи доминацијата во Серија А.

„Кристијано Роналдо ќе остане во Јувентус. Тој е недопирлив. Андреа Пирло ќе биде тренер и наредната сезона“, рекол еден од директорите на Јувентус, Павел Недвед.

Share
Scroll to Top