Помалку од еден месец по прекинот на мечот Ница-Марсеј, во француската Лига 1 повторно немили сцени со ново влетување на навивачи на теренот.
Во саботата, дербито помеѓу Ленс и Лил беше во прекин по полувремето, откако дел од навивачите на Ленс влегоа на теренот во обид да се пресметаат со навивачите на гостинскиот клуб, кој беа сместени во друг дел од стадионот. Нападот беше испровоциран од навивачите на Лил, кои се качуваа на оградата која ги разделуваше од домашните навивачи и фрлаа со столчиња.
По кратката пауза, навивачите на Ленс се вратија на својот дел од стадионот, а судиите го продолжија мечот, кој потоа заврши со 1:0 победа на Ленс.
Во август, мечот помеѓу Ница и Марсеј беше прекинат поради влегување на теренот на домашните навивачи. Домаќините добија казна со поени, додека неколку фудбалери на Марсеј, вклучувајќи го и Димитри Паје, добија казни за провокациите.
Immense n’importe quoi à Lens où les supporters du Racing envahissent le terrain pour aller en découdre avec les supporters du #Losc HONTEUX pic.twitter.com/uAa8p1Nvrm
— François Launay (@francoislaunay) September 18, 2021