ПАО ги распродаде сезонските билети

ПАО ги распродаде сезонските билети

пред 5 месеци

Кошаркарите на Панатинаикос се вратија во врвот на Евролигата. Зелените, минатото лето доживеаја целосен ремонт откако клубот имаше неколку разочарувачки сезона во Евролигата.

ПАО, под водство на Ергин Атаман, успеа да избори пласман на завршниот турнир во Берлина. За пласман во финалето ќе играат на 24 мај против Фенербахче.

Избраниците на турскиот стручњак во борбата за финалето ќе играат против Фенербахче.

Во исчекување на завршниот турнир во Евролигата, од Грција стигнуваат информации дека ПАО ги распродаде сите сезонски билети за сезоната 2024/2025 за помалку од 24 часа.

Според информациите, продадени се 11.200 сезонски билети колку што е капацитетот на ОАКА арената.

Share
Scroll to Top