Џон Мeрто, човекот од Ливерпул кој стана првиот спортски директор на Манчестер јунајтед?

Џон Мeрто, човекот од Ливерпул кој стана првиот спортски директор на Манчестер јунајтед?

пред 3 години

Иако се шпекулираше за многу поранешни играчи и големи имиња кои би станале прв директор на фудбал на Манчестер јунајтед, „ѓаволите“ се решија на таа позиција да го постават Џон Мeрто.

Кој е човекот кој ќе биде одговорен за операциите во клубот и стратегијата за засилувања во славниот англиски клуб?

Мерто дојде во Јунајтед во ноември 2013 година, откако работеше со Дејвид Мојс во Евертон, и стана шеф на фудбалскиот развој во 2016 година. Претходно тој работеше и како шеф на елитни перформанси во Премиер лигата.

Мерто, кој е роден во Ливерпул (!), беше одговорен за реформата на академијата и одделот за скаути во последните неколку години, а сега заедно со поранешниот фудбалер, Дарен Флечер, кој беше именуван за технички директор ќе има задача да ги засили фудбалските операции во клубот. Тој ќе има генерално водство и одговорност за операциите и стратегијата во фудбалот и ќе работи покрај Оле Гунар Солскјер за можните засилувања на тимот. Солскјер ќе остане вклучен во изборот на играчи за засилувања, но Мерто ќе ги прави фудбалските анализи и ќе биде одговорен за скаутите.

„Ова е возбудливо време за сите во Манчестер јунајтед, со одлични перформанси на првиот тим, академијата и женскиот тим, и со многу планови за развој. За мене е привилегија да бидам дел од тој процес. Ова се важни моменти за засилување на клубот“, вели Мерто.

Една од најголемите критики кои беа присутни за менаџерската ситуација во Јунајтед, беше тоа што ангажирањето на засилувања беше надгледувано од луѓе кои немаа фудбалско минато – како извршниот потпретседател Ед Вудвард и Метју Џаџ, главниот преговарач, кои се инвестициски банкари.

Share
Scroll to Top