Пиоли: Милан работеше напорно за Европа и сака да остане таму

Пиоли: Милан работеше напорно за Европа и сака да остане таму

пред 4 години

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ги предупреди следните противници на „росонерите“ во Лига Европа, Селтик дека неговиот тим напорно работел за враќање во европските натпреварувања и планира да остане таму.

Милан поминаа три квалификациски кола во Лига Европа, вклучувајќи ја и драматичната победа по 12 пенал серии против Рио Аве во Португалија, и сега започнуваат против шкотскиот шампион во утрешниот најинтересен меч од ЛЕ.

„Работевме напорно да стигнеме дотука и сакаме да останеме во Европа. Лига Европа е важно натпреварување, имаме силна група и важно е добро да стартуваме. Знаеме дека има многу очекувања од нас, но така е кога го носиш дресот на овој престижен клуб навикнат на победи. Тој притисок е привилегија. Милан секогаш оди на победа“, вели Пиоли.

Иако Хакан Чалханоглу е отсутен поради повреда на скочниот зглоб, Милан влегуваат полни со оптимизам откако имаат низа од 20 меча без пораз, а во текот на викендот го совладаа Интер во градското дерби.

Share
Scroll to Top