ПМФЛ: Коло на реми дуели, нема промени на врвот

пред 3 месеци

Нема промени на врвот на табелата во ПМФЛ и по ова 13-то коло. Тетовска Шкендија и натаму е лидер на табелата со 27 бода иако одигра само 1-1 нагости кај Струга Трим Лум. На тетовчани во прилог им оди ремито без голови во во Скопје го одиграа Македонија ЃП и Шкупи, па двете екипи останаа на втората, односно третата позиција. Работнички и Беласица исто така одиграа реми, 2-2 во Струмица. Пелистер во Битола денеска беше поразен со 2-1 од Силекс, додека единствена екипа со домашен триумф е Ренова, која со новиот тренер успеа да слави против Борец, минимално со 1-0. Ова се сите резултати од 13. коло – ПМФЛ: Недела: Беласица – Работнички 2:2 Македонија ЃП – Шкупи 0:0 Пелистер – Силекс 1:2 Ренова – Борец 1:0 Струга Трим Љум – Шкендија 1:1 Сабота: Вардар – Академија Пандев 2:0 Табела: Шкендија 27, Македонија ЃП 26, Шкупи 25, Струга Трим Љум 20, Борец 19, Вардар 19, Силекс 17, Работнички 14, Пелистер 12, Ренова 11, Академија Пандев 10, Беласица 9. Фото: ФК Работнички

Share

Haikyuu!!: To the Top Episode 13 at website https://animefreak.ws animefreaks anime

Watch Naruto: Shippuden Episode 308 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll free reddit

Scroll to Top