Поветкин пак во болница, нема римеч со Вајт

Поветкин пак во болница, нема римеч со Вајт

пред 5 месеци

Римечот помеѓу преодниот ВБЦ шампион во тешка категорија, Русинот Александер Поветкин и Британецот Дилијан Вајт нема да се случи во јануари според планот, откако неговиот тим потврди дека искусниот Русин повторно е во болница поради КОВИД-19.

Поветкин требаше да боксува со Вајт на 30 јануари, откако го „суреди“ во пет рунди пред четири месеци, но неговиот промотер Андреј Рјабински вели дека го потцениле вирусот и дека е потребно подолго време за опоравување.

„Саша мораше пак да оди во болница, иако го пуштија бргу и почна со тренинзи. Ќе ги зголемуваме задачите секојдневно, но мора да има надгледување на лекарите. Боксот е напорен спорт и нема да дозволиме неговото здравје да биде под ризик. Ги потценивме последиците од КОВИД-19 и работите не одеа според посакуваното. Ќе видиме кога ќе се презакаже мечот“, вели Рјабински за новинската агенција „ТАСС“.

Со победата во август, Поветкин стана најсериозен кандидат за ВБЦ титулата на Тајсон Фјури, иако се очекува дека „Џипси кинг“ ќе се обиде да боксува со Ентони Џошуа или Дионтеј Вајлдер во блиска иднина. Исто така, Поветкин би требало да го победи уште еднаш Вајт за да остане прв кандидат за титулата.

Вајт, пак, тврди дека ова е игра од Русинот и дека тој не е болен.

„Лично, не верувам дека има КОВИД. Само одолговлекува за да има време за подготовки, бидејќи знае колку сум опасен. Иако бев во нокаут, веднаш се вратив на тренинзи и сега сум многу помоќен“, изјави Британецот.

Поветкин двапати се крена, за брутално да го нокаутира Вајт

Share

AnimeFreak watch anime: Watch Boku no Hero Academia 5th Season Episode 4

AnimeHeaven bleach anime heaven: Jujutsu Kaisen (TV) (Dub) (https://animeheaven.pro/m/wk4D) Episode 20

Scroll to Top