Погба: Не сме на нивото на Ливерпул, но може да сме шампиони!

Погба: Не сме на нивото на Ливерпул, но може да сме шампиони!

пред 4 години

Во изјава за „Sky Sports“ францускиот репрезентативец во редовите на Манчестер Јунајтед, Пол Погба вели дека Јунајтед во моментов не е на нивото на Ливерпул, но може да ја освои шампионската титула во Премиерлигата уште во оваа сезона.

По 17 одиграни кола, „ѓаволите“ се на врвот на табелата со 3 бода повеќе од „црвените“ пред неделното дерби на „Енфилд“ од 17.30 часот.

„Многу напредувавме и се уште напредуваме, но и понатаму сме млада екипа. Очигледно не може да кажеме дека сме на нивото на Ливерпул затоа што тие ја освоија Премиерлигата и продолжуваат со победите, но кога ние ќе го освоиме првенството, ќе може да кажеме дека сме на исто ниво. Ако сакаш да си најдобар, тогаш мора да ги победуваш најдобрите. Сакаме да ги победиме освојувачите на ПЛ“ рече Погба.

Французинот немаше сјајна мината сезона, па полека се врати во препознатливата форма.

„Мразам да бидам на клупа, тоа не значи дека другите не заслужуваат да играат. Јас сум победник и сакам да играм, сакам да им помогнам на соиграчите. Минатата сезона беше тешка за мене, имав повреда, секогаш е чудно кога се враќаш. Играчите кои се со мене во средниот ред (Фред, Немања Матиќ, Скот Мектоминај) прават одлична работа“ – рече Погба.

Share
Scroll to Top