Полонарa на операција, му бил дијагностициран тумор

Полонарa на операција, му бил дијагностициран тумор

пред 1 година

Италијанскиот кошаркар Акиле Полонара мора да оди на операција на тумор на тестисите, која ќе биде извршена во вторник, објави неговиот клуб Виртус од Болоња на својата официјална веб-страница.

На Полонара (31), туморот му бил дијагностициран на последниот преглед, а лекарите решиле дека итно му е потребна операција.

Од клубот не соопштуваат дали се работи за бениген или малиген тумор, како и колку долго ќе трае опоравувањето и дали ќе може да ја продолжи професионалната кариера.

Полонара во Виртус дојде летото од Жалгирис, а претходно играше за Ефес, Фенербахче, Динамо Сасари, Басконија, Варезе, Реџана и Терамо. Полонара минатиот месец во дресот на Италија играше на Светското првенство.

Share
Scroll to Top