Последната порака на Меси до Бартомеу: Пак ме зае..ваш

Последната порака на Меси до Бартомеу: Пак ме зае..ваш

пред 4 години

Лионел Меси, минатото лето, сакаше да ја напушти Барселона. Аргентинецот, беше разочаран од лошите резултати на тимот, особено од поразот од Баерн, во Лигата на шампионите (8:2).

Меси, тогаш официјално побара трансфер, но Барселона одби спогодбено да се раздели со Аргентинецот. Наводно, минатото лето, Меси имал договорот со Манчестер сити.

Тогашниот претседател Џозеп Марија Бартомеу, бараше да биде исплатена клаузулата од 700 милиони евра, за да му дозволи на меси да го напушти клубот.

На крајот Меси остана во клубот, а Бартомеу неколку месеци подоцна поднесе оставка. Тие двајца останале во лоши односи.

Радио Каталуња, ја откри последната порака која на Бартомеу му ја испратил Меси, откако тој одбил да го раскине договорот.

„Пак ме зае..ваш“, му напишал Меси на поранешниот претседател на Барселона, Бартомеу.

Share
Scroll to Top