Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито неодамна се пофали со новиот приватен авион на клубот, но италијанските медиуми тврдат дека првото патување на тимот било „кошмарно“ и дека тие се враќале од Кротоне со редовен лет.
Лацио патувале за мечот со Кротоне со новиот Боинг 737, но според „Ла газета дело спорт“, лошото време над Калабрија било доволно сите внатре да бидат преплашени.
„Сите пристигнавме со страв, освен Игли Таре, Франческо Ачерби и Марко Пароло. Пароло е целосно луд човек, се забавуваше на авионот. Кога стигнавме на аеродромот морав да проверам некој да не ме снимал бидејќи не беше забавно“, изјави Чиро Имобиле по мечот со Кротоне.
Враќањето во Рим исто така било проблематично – поради лошото време аеродромот „Сант’Ана“ во Кротоне бил затворен и Лацио стигнале до Ламеција Терме со автобус, пред да се вратат дома со редовен лет.
?Il volo con l’aereo personalizzato si trasforma in un incubo per i giocatori della #Lazio
?Il motivo#CrotoneLazio #SerieAhttps://t.co/vKgrAL8o6w
— CalcioToday.it (@calciotoday_it) November 22, 2020