Роналдо го додаде супер-реткото Бугати во колекцијата

Роналдо го додаде супер-реткото Бугати во колекцијата

пред 4 години

Еден од најпознатите светски фудбалери на светот, Кристијано Роналдо се почести со нов скап автомобил во својата импресивна колекција, откако плати 8 милиони евра за Бугати Чентодјечи, модел од кој ќе се изработат само 10 автомобили

Ова доаѓа како совршен подарок за неговиот 36. роденден, кој го прослави минатата недела, иако за него ќе треба да почека до 2022 година, бидејќи Бугати почна со производството на лускузната машина само пред неколку недели.

Се работи за последниот модел на Бугати со 16-цилиндричен мотор, кој забрзува од 0 до 100 км/ч за 2.4 секунди, и од 0 до 200 км/ч за 6.1 секунди. Максималната брзина му е неверојатни 380 км/ч, со што е побрз од Формула 1 болидите.

Автомобилот на Роналдо уште е во фаза на тестирање, и во следните неколку недели ќе се изврши тестирање во воздушен тунел за да се осигура совршеноството кое се побарува со таа цена. Во колекцијата на Роналдо од над 20 автомобили веќе има модели на Бугати, како Чајрон, но и Мерцедес Бенц Ц220, Ламборгини Авентадор, Астон Мартин ДБ9, три Ферарија, Ролс Ројс Фантом и Бентли ГТ Спид.

Сите автомобили на Кристијано Роналдо (галерија)

Share
Scroll to Top