Легендата на португалскиот фудбал Кристијано Роналдо и со 36 години ги решета фудбалските мрежи, но и надвор од терените тој е посебен,
Тој го поднови својот возен парк со нов автомобил „bugatti centodieci“ – најскапиот автомобил во светот кој треба да е произведен, а од кој ќе се направат само 10 модели во целиот свет.
Цената на автомобилот ќе е 9,5 милиони евра.
Според податоците на произведувачот, максималната брзина на овој модел на „bugatti“ е 300 километри на час, а за 2,4 секунди достигнува брзина од 100 километри на час.
Роналдо во својата гаража веќе има Бентли „континентал“, Ролс Ројс „фантом“, Ферари Ф430, Ламборџини „авендатор“, Масерати ГранКабио, а од минатата година и Мекларен „Сена“ вреден 1 милион евра.