Станковиќ пред дуелот со Интер: Таму ги поминав најдобрите 10 години во мојот живот

Станковиќ пред дуелот со Интер: Таму ги поминав најдобрите 10 години во мојот живот

пред 2 години

Тренерот на Сампдорија, Дејан Станковиќ признава дека има емоции пред утрешната пресметка со Интер, каде што помина девет сезони од 2004 до 2013 година со 326 настапи за клубот, шест италијански титули и трофеј од Лигата на шампиони.

Станковиќ ја презеде Сампдорија по лошиот старт на сезоната под Мрко Џампаоло, и освои четири поени во првите три меча по пристигнувањето.

„Минатото е нешто што не можете и не смеете да го избришете. Никогаш не можам да го избришам времето во Интер бидејќи тоа беа најдобрите 10 години во мојот живот. 10 години успех. И овојпат се враќам како противник со мојата Сампдорија. Навивачите на Интер ме познаваат добро и знаат дека сум лојален. Но, во сабота ќе бидам лојален на Сампдорија и ќе играме до максимум против силен тим. Тие се полни со самодоверба, силни се физички и ментално и имаат голем тренер како Симоне Инзаги. За мене ќе биде вистинско задоволство да се игра на ‘Сан Сиро’ со таа публика. Ќе биде прекрасно“, вели Станковиќ.

Share
Scroll to Top