Тренерот на Владимир Кличко најавува дека поранешниот шампион во тешка категорија ќе му се врати на боксот. За украинските медиуми, Али Башир, рекол дека не само што верува дека Кличко ќе се врати во рингот, туку и дека ќе ја освои титулата.
„Две-три години збирувам дека Владимир ќе се врати. Сите ми се смееја, што ќе правиме сега? Повеќе никој не се смее. Го познавам добро Владимир Кличко“, рекол Али Башир и продолжил.
„Изнинатите години редовно доаѓав во Украина. Го гледав како тренира и го прашував зошто тренира ако не планира да се врати? Жестоко тренира, убеден сум дека Владимир ќе го урне рекордот на Џорџ Форман и дека ќе стане највозрасниот шампион во тешка категорија. Убеден сум дека ќе се врати и дека ќе победи некого од големата тројка: Фјури, Вајлдер, Џошуа“.
Владимир Кличко има 45 години. Во кариерата 15 години доминираше во тешка категорија, забележувајќи 64 победи во 69 борби.
Тронот го предаде во 2015 година кога во спектакуларен меч беше поразен од Тајсон Фјури. Две години подоцна ја заврши кариерата кога со нокаут беше поразен од Ентони Џошуа.
Највозрасен шампион во тешка категорија со 45 години и 99 дена е Џорџ Форман. Во 1994 година Форман го победи Мајкл Мурер.