УЕФА потврди дека мечот од Лигата на нации помеѓу Романија и Норвешка нема да се одигра, откако норвешката репрезентација не може да отпатува за Букурешт поради позитивен тест на КОВИД-19 во нивниот тим.
УЕФА вели дека можните последици за одлуката на Норвешката фудбалска федерација ќе ги донесе дисциплинското тело на УЕФА според протоколот утврден за играње при пандемија на КОВИД-19 донесен во август.
УЕФА ги предупредува сите други репрезентации да ги почитуваат протоколите за КОВИД-19 за да не бидат санкционирани.